Art & Crafts

Направи си сама: Балсам за коса (Видео)

Не познаваме жена која не користи балсам за коса. Здрава и сјајна коса – има ли некој кој не сака да ја има? Балсамот за коса делува како заштитен слој за секое поединечно влакно. Косата ни стнува помека и поздрава по миење со балсам. Денеска ќе ви понудиме неколку рецепти за балсам за коса кој можете да го направите дома.

Балсам за коса од авокадо

Авокадото е идеален избор за луѓе со сува коса и расцветани краеви. Измешајте во сооднос 1:1 масло од авокадо со маслиново масло или масло од лаванда и намачкајте го скалпот на косата. Масирајте неколку минути и оставете да отстои половина час.

Балсам за коса со јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага при растење на косата и ја прави мазна и мека. Измешајте половина чаша јаболков оцет со половина чаша вода и темелно измасирајте ја косата со оваа течност пред капење. Оставете ја така неколку минути и потоа измијте ја со шампон.

Балсам за коса со мед и зејтин

Комбинацијата од мед и маслиново масло  го потхранува скалпот и го отстранува сушењето на кожата. Измешајте мед и маслиново масло еден спрема еден, по желба додадете и малку бадемово масло и со добиената смеса масирајте го скалпот. Оставете да отстои така половина час и измијте ја со шампон.

 

Write A Comment