Дестинации

Водич за настани низ Јужна Франција кои не смеат да се пропуштат

Зимата и ладното време полека одминуваат, така што сега е вистинското време за да ги планирате идните патувања.

Постои ли место кое е подобро за почеток на вашите патувања во 2014 година од Сен Тропе? Тоа е место во кое сонцето сјае над 300 дена во годината. Оваа локација не ги мами посетителите само со убавото време, туку, целиот регион е познат по бројните возбудливи настани и фестивали, совршени за посета во било кое годишно време.

1. Карневалот во Ница

Веднаш по Рио во Бразил, карневалот во Ница е еден од најголемите и најинтересни во светот, со неверојатни анимации кои траат од 14 февруари до 4 март. Оваа фантастична манифестација секоја година привлекува голем број на посетители, поточно повеќе од милион луѓе, кои шетаат по улиците и уживаат во прекрасната забава.

2. Цитрон фестивал во Ментон

Во текот на интересниот Цитрон фестивал, градот Ментон се украсува со над 145 тони ожпортокали и лимони, а се одржува помеѓу 15 февруари и 5 март.

3. Ролекс Мастерс Тенис Куп во Монте Карло

Не постои подобро место за одмор од луксузните хотели и апартмани во срцето на Монако. Првиот настан кој се наоѓа на листата за Монако е Монте Карло Ролекс Мастерс кој се одржува во луксузниот Монте Карло Кантри Клуб од 12 до 20 април, кој е посетен од многу тениски ѕвезди.

4. Топ Маркес шоу во Монако

Не смеете да ја пропуштите најексклузивната изложба на супер автомобили, која на своите ВИП гости им дава можност за тест возење на автомобилите од нивните соништа. Овој настан кој се одржува само овде, трае од 17 до 20 април.

5. Кански Филмски фестивал

Канскиот фестивал е еден од најважните настани во светот на филмот, и се одржува во периодот кој е најдобар за посета на овој град. Трае од 14 до 25 мај, а привлекува голем број на холивудски ѕвезди.

6. Монако Формула 1

Веднаш по завршувањето на Канскиот Фестивал, во Монако се одржува најдобрата и најпопуларна трка Формула 1. Овој настан во кој учествуваат најпознатите возачи на Формула се одржува на 25 мај.

7. Џез Фестивал

Еден од најдобрите настани во текот на летото на Азурниот Брег е фестивалот кој се одржува на бреговите на заливот во Кан. Единствена можност да чуете некои од најголемите џез имиња имате во периодот од 12 до 20 јули.

8. Монако Изложба на јахти

Во септември во франција се одржува еден од најпрестижните настани за љубителите на јахти. Во текот на овој настан, кој се одржува во периодот од 24 до 27 септември, сите посетители можат да уживаат во луксуз и поглед на новитети од светот на наутиката, достапни за продажба и изнајмување.

9. Регата на Сен Тропе

Настан кој не смеете да го пропуштите е регатата во Сен Тропе, настан кој е посетен од голем број на љубители од целиот свет. Оваа година регатата ќе се одржи во периодот од 29 септември до 5 октомври.

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

 

VODIČ KROZ JUG FRANCUSKE

Write A Comment