Убавина

Усни како на моделите од насловните страни? Видете како!

Есен е, да! Но тоа незначи дека треба да се ориентираме кон потемните и досадни бои…

Согласете се со нас, дека класичниот црвен кармин никогаш не излегол од мода, и се повеќе станува популарен.

Усните потопени во смели бои кармини треба да бидат многу добро оцртани за постигнување на оптимални резултати.

Единственото правило кое ни го препорачуваат професионалните шминкери е ако изберете силни бои тогаш останатиот дел од шминката треба да биде неутрален.

Еве еден трик како усните да ви бидат како на моделите од насловните страни:

Пред да нанесете кармин ставете малку пудра на усните. После тоа оцртајте ги усните со боја слична до природната боја на усните.

Накрај нанесете ја саканата боја, но не дирекно со карминот туку со мала четкичка, внимателно да не излегува надвор од претходно оцртаната контура.

На ваков начин карминот ќе ви трае многу подолго, а и бојата ќе биде наситена и богата.

Ако сакате усните да ви изгледаат поголеми нанесете посветол тон во средината на долната усна или безбоен сјај.

 

 

Write A Comment