ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* сол по вкус
* црн пипер по вкус
* 4 ловорови листови
* црвен пипер по вкус
* 4 лажици пире од домати
* 1 лажица брашно
*1 филџан црвено вино
*5 моркови
* 4 главици кромид
* 1кг телешко месо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Го сецкаме место и го запржуваме.
- Ги сецкаме кромидот и морковите и ги додаваме кон месото.
- Го додаваме црвениот пипер и полеваме со вода колку да се покрие месото.
- Го оставаме јадењето да врие се додека телешкото не е речиси готово,па го додаваме црвеното вино, брашното, пирето од домати и малку вода.
- Ги додаваме ловоровите листови, црниот пипер, сол по вкус и вариме до подготвеност.
