Познавајќи ги своите клиенти, британскиот моден дизајнер Ким Џонс сезоната за есен / зима 2014 ја дизајнираше и им ја понуди токму на оние кои често патуваат.
Пистата беше украсена со рачно насликани апстрактни толкувања на сателитски снимки на Мачу Пикчу и пустината Атакама – области кои Џонс и неговиот тим ги проучувале при дизајнирање на колекцијата. Проследени со “хај-тек” очила за сонце и природна палета на бои, од полноќна сина, сива, беж и бојата на виното, колекцијата есен / зима 2014 на Луј Витон вклучува избор на храбри костуми за патување, панталони и блузи во иста боја, парка јакни во техничка свила и неверојатна селекција на џемпери.
