Еве нешто што дефинитивно ќе ви го задржи вниманието во кујната, приготвувајќи го за себе или некој кој сакате да го импресионирате. Јајце во срце од виршла. Супер е за појадок и вечера. Можеби изгледа комплицирано, но воопшто не е. Дефинитивно ќе ви испадне „од прва“. Еве како да го направите:
Потребно е: (за 1 лице)
1 виршла
1 јајце
1 чепкалка за заби
сол, бибер
масло
Подготовка:
Излупете ја виршлата, ако има мембрана. Засечете ја внимателно на два дела, притоа оставајќи го горниот дел незасечен, како на сликата.

Потоа, засечените краеви превртете ги од другата страна, надолу за да се спојат и зацврстете ги со чепкалка.
Во тавче обложено со хартија за печење ставете ја виршлата, намачкајте ја малку со масло и внатре, во празнината скршете го јајцето.

Зачинете од горе со сол и бибер и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени, 5 до 7 минути. Кога ќе биде печено јајцето, извадете ја чепкалката и послужете.

Забелешка:
Наместо да го печете јајцето во рерна, можете и да го испржите, заедно со виршлата, ако сакате да биде ровко.

