Убавина

Колку брзо ви расте косата?

Многу луѓе веруваат дека колку почесто ја стрижат косата, толку побрзо таа расте. Но тоа не е ништо друго, освен добро негуван мит. Всушност честото подстрижување ја освежува косата, но нема никаква врска со нејзиниот раст.

Брзината со која расте нашата коса зависи најмногу од генетските фактори и формата на фоликулите на косата. Докажано е дека правата коса расте во просек за околу 1см месечно, додека кадриците или спиралната форма на фоликулите на косата расте побавно – за околу 0,8см месечно.

Секако, постојат десетици начини и козметички средства, со кои можете да го засилите растот, но не очекувајте чудо! На крајот на краиштата, потребно е трпение и постојана грижа.

Write A Comment