Плоштадите и улиците во кинеските градови се искитени со традиционалните црвени лампиони, а дарувањето на децата, огнометот и парадите со змаеви и лавово се составен дел од дочекот на лунарната година. Почетокот на новата година се означува со биење на камбани. Петардите, исто така, се составен дел од древниот традиционален дочек на новата година, меѓутоа сѐ повеќе градски власти во Кина почнаа да ги забрануваат. Прославата трае две седмици односно од Нова година до Фестивалот на фенерите кои се одржува на 15-от ден од лунарната година.
Семејствата традиционално се собираат пред Нова година на вечера и тогаш се одвива најголемата привремена миграција на населението на планетата. Годинава се очекува дека ќе бидат остварени 3,62 милијарди индивидуални патувања во текот на прославата на кинеската Нова година.Подготовките започнуваат со чистењето на домовите за да се исфрли несреќата и злото и да се направи место за среќата. Прозорците и вратите се украсуваат со предмети од црвена хартија и со натписи со стихови и со жеби.
Според традиционалниот кинески лунарен календар, првиот ден од новата година може да падне во кој и да е ден меѓу крајот на јануари и средината на февруари. Календарот е изработен врз основа на лунарниот циклус и положбата на Сонцето. Според легендата, датира од периодот од околу 2600 година пред нашата ера, кога митолошкиот жолт цар го започнал првиот циклус на кинескиот хороскоп и одредил 12 животни коишто ја претставуваат секоја година во 12-годишниот циклус од зодијакот.
Според кинескиот хороскоп, луѓето коишто се родени во годината на коњот се активни и полни со енергија, елегантни, независни и вредни.
