Мојата кујна

Торта со банана и сирење

Потребни состојки:

350гр мелени бисквити

10 банани

300мл млеко

2 кесички пудинг од банана

100гр путер

200гр маскарпоне сирење

200гр чоколадо

1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Бананите добро иситнете ги со вилушка, 100гр растопено чокладо и мелени бисквити. Се убаво измешајте, па тестото притиснете го на калапот и отсранете ги краевите.

Сварете два пудинга со 300мл млеко, па оладете.

Со миксер изматете сирење и путер, и кога пудингот ќе се олади, помешајте се заедно.

Останатите банани распоредете ги по кората, и преку нив ставете фил. Останатото чоколадо стопете го со малку масло и прелијте преку колачот.

Write A Comment