Зошто човек “губи” цела една третина од својот живот за спиење? И зоштo воопшто луѓето сонуваат? На ова прашање науката одамна бара објаснување. Имало, а и денес има различни хипотези во научните кругови кои продолжуваат да се разминуваат.
Хипотеза бр.1: За да се сеќаваме
Во минатото, луѓето биле убедени дека во текот на ноќта душата се одделува од телото, постигнува привремена слобода и се упатува на патување. Каде се наоѓа – во безгрижното детство, тревогите од вчерашниот ден или ведрата иднина, таа задолжително ќе го соопшти преку сонот.
Хипотеза бр. 2: Да успееме да се разбудиме
Долго време научниците сметале дека во текот на денот луѓето акумулираат материи (условно наречени “фактори на сонот”), кои предизвикуваат “замор на мозокот”. Според тоа сваќање, за време на соништата овие фактори се уништуваат, по што мозокот добива можност да се одмори, а човекот да води активен начин на живот.
Хипотеза бр. 3: За да стане саканото реалност
Освен во хорор филмови, и за време на сон човек може да падне во мелодрама или фантастичен свет. Во соништата често ги реализираме своите соништа, се заштитуваме од некого. Во нив човекот си создава и си измислува.
Хипотеза бр.4: Поради ќор сокак
Фројд не се сомневал дека сите креативни соништа се всушност нереализирани желби кои се јавуваат поради потиснати трауми и стравови од детството. А неговиот ученик Јунг на тоа додал дека соновите се “малата врата кон најскриената длабочина на душата”.
Хипотеза бр. 5: За да растеме
Некои научници сметаат дека бебињата сонуваат уште додека се во мајчината утроба – од 25-30 недела од бременоста. Што сепак сеуште никој не знае. Постојат две претпоставки. Според првата, тоа се остатоци од генетска меморија која ги формира чувствата и размислувањата на сеуште нероденото дете. Според второто, тоа е своеводна реакција на фетусот кон се што се случува во надворепниот свет.
