Спорт

Вистина за здравствената состојба: Лекарот признава дека не е сигурен кога Шумахер би можел да се разбуди!

И покрај оптимистичките вести кои пристигнаа пред неколку дена, познат експерт зборува отворено за здравјето на легендарниот Формула 1 возач.

Имено, будењето на Михаел Шумахер од вештачки предизвиканата кома може да трае со месеци.

Лекарите во Гренобл, каде во болница во кома се наоѓа шампионот во Формула 1, почнале постепено да ја намалуваат анестезијата, и така да го будат Шуми.

Ги прошируваат и тестовите на рефлекси на Германецот, на кој секојдневно му ги масираат зглобовите и екстремитетите за да ја спречат атрофијата на неговите мускули.

Пред неколку дена беше објавено дека Шумахер трепнал, но сеуште не постои гаранција дека шампионот целосно ќе се опорави.

“Сега треба да се утврди дали функционираат нервите што водат кон мозокот и над мускулите”, открива германскиот стручњак д-р Heinzpeter Moecke кој не е сигурен колку време ќе биде потребно за Шумахер да се разбуди, ниту пак дека нешто ќе се сеќава.

Write A Comment