Убавина

Тестирајте го здравјето на косaта!

Недостаток на еластичност, мала оштетеност и пукнатини, како и остри краеви кои се познаваат, се некои од знаците кои укажуваат дека ви е потребно мало поткратување на косата. Пред да се одлучите на таков чекор или пак драстично да ја намалите должината на косата, земе ги следниве работи во предвид:

  • Потопете ја

Земете едно две суви влакна и протријте ги и направете топче од нив. Топчето ставете го во чаша вода. Ако потоне за помалку од 30 секунди, вашите котикули (површинскиот заштитен слон на влакното) се полни со ситни оштетувања и пукнатини поради што внатрешната структура на косата не е заштитена. Ако плови барем минута време, тоа значи дека вашата коса е совршено здрава.

  • Растегнете ја

Земете едно наводенето влакно и фатете го за двата краја, и после тоа лесно и бавно растегнете го. Ако влакното пукне пред да го растегнете, очигледен е показателот дека на вашата коса и недостасува еластичност и поради што пука за време на чешлање, пеглање или кога ја собирате. Здравото влакно ќе се растегне дури и до 25 проценти пред да испука.

 

Write A Comment