After Midnight

Како се чува љубовта?

Mајка и нејзиното мало синче шетале на плажа… Во еден момент, момчето прашало: “Мамо, како се чува љубовта?”

Мајката го погледнала и одговорила:

–          “Земи малку песок и стисни го во раката…”

Mомчето ја стиснало раката и колку повеќе стискало, толку повеќе песокот паѓал од неа..

–          “Но мамо, песокот ми бега…!!!”

–          “Знам, а сега целосно отвори ја раката…”

Момчето ја послушало, но за тоа време задувал силен ветер и го оддувал целиот песок од неговата рака…

–          “Ни на овој начин не успевам да го задржам песокот…!!”

На тоа мајката со насмевка на лицето, му рекла:

–          “Сега повторно земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена да може да го задржи песокот и доволно отворена да биде слободен…”

Момчето ја послушало и песокот му останал на дланката, заштитен од ветерот и слободен да не се лизне низ прстите…

Ете… така се чува љубовта…

Write A Comment