Дизајнерот Timon Sager создаде многу необичен концепт на авион, со совршена структура и функционалност.
Овој футуристички авион е вистински луксуз и нуди раскошен комфор. Идеите на овој млад дизајнер се претежно футуристички со што ги навикна неговите клиенти на иновативност и уникатност. Но овој пат навистина создаде уникатен концепт на авион, кој импресионира со својата доминантност и елеганција.
Timon своето ремек дело го нарече “Wolke 7”. Основната идеја била да се конструира концепт кој ќе биде во можност да се користи како авион погоден за патување кој истовремено ќе обезбеди и луксуз.












