Motherhood

Поучна приказна која нема да ве остави рамнодушни

Маж и жена поминале заедно шест години во брак и ниту еден од нив во текот на заедничкиот живот ништо не криел пред неговиот брачен другар.

Заедно биле многу среќни, неизмерно се сакале, разговарале за се и сешто и си помагале еден на друг.

Помеѓу нив не постоеле никакви тајни.

Сопругата која била веќе бабичка, чувала една кутија во плакарот во нивниот дом и неколку пати го опоменувала и потсетувала сопругот дека не смее да ја отвори кутијата и да не ја прашува што има во неа.

Мажот ја почитувал нејзината желба, па затоа никогаш не прашал што се наоѓа во таа кутија се до денот кога докторот го известил дека деновите на неговата сопруга се веќе избројани.

Сопругот бил многу тажен и несреќен. Почнал да размислува за тоа дека наскоро ќе стане вдовец и почнал да разгледува наоколу во нивната куќа кои работи ќе останат од неговата сопруга кои ќе го потсетуваат кога неа ќе ја нема.

Разгледувајќи ја забележал кутијата која се наоѓала во плакарот. Без размислување ја зел и ја однел до креветот на кој лежела неговата сакана сопруга.

Таа кога забележала дека тој ја носи кутијата, се насмевнала. Со насолзени очи гледајќи го нејзиниот сакан сопруг, била свесна дека ќе го напушти за кратко време па затоа му рекла: “Сега можеш да ја отвориш кутијата”.

Мажот ја отворил кутијата и во неа здогледал два мали кукли сошиени од крпчиња, игли и конци за шиење, парчиња материјали и 25.000 долари. Веднаш ја прашал сопругата заошто тиа работи ги криела од него сите години.

Жената со шепотење му одговорила:

“Кога се омажив мојата мајка ми кажа дека тајната за добар и успешен брак е да се избегнуваат кавги и расправии. Исто така ме посоветува дека секој пат кога ќе се налутам на тебе да земем игла и конец и од разни парчиња материјал да сошијам една кукла.”

Мажот кога ги слушнал зборовите на неговата сакана сопруга скоро и да заплакал. И рекол:”Смо дев кукли?! Значи дека сите овие заеднички поминати шест години брак ти само два пати ми се налути?!”

Иако бил тажен што неговата сопруга била на смртна постела, истовремено се почувстувал и среќен бидејќи си помислил дека само два пати во текот на животот ја налутил неговата сопруга.

“Добро, сега ми е јасно за куклите, но што е со овие 25.000 долари?” – ја прашал.

Жената криејќи ги нејзините солзи за да не го натажи уште повеќе, со последни сили му рекла: “Во текот на целиот наш заеднички живот толку пари успеав да соберам, продавајќи ги куклите кои ги шиев”.

Write A Comment