Која боја Ви е јазикот? Одговорот на ова прашање може да Ви даде објаснување за тоа колку всушност сте здрави. Погледнете зошто бојата на јазикот, усните и белките на очите се важни показатели на вистината за Вашето здравје.
ЈАЗИК
Што е здраво: црвенкасто – розова боја
Што не е здраво: Бела, сива или смеѓа боја. можеби сте жртва на некоја бактерија, или зголемена количина на желудочна киселина. Доколку на целата површина на јазикот ви преовладува бела боја тогаш најверојатно сте дехидрирани.
Помош: Со четка за заби нежно отстранете ги непожелните наслаги на јазикот. Доколку во брзо време пак се појават наслаги тогаш се препорачува испитување на крвта.
ОЧИ
Што е здраво: Сјајни белки на очите, уедначено пигментирани капаци на очите.
Што не е здраво: Црвени, осетливи белки на очите. Укажуваат на недоволна влажност на очите кое пак е директна последица на хормонални промени заради забременување или консумирање на поголемо количество контрацепциски средства, или предолга работа на компјутер.
Жолта боја на белките на очите покажува на проблеми со црниот дроб, односно хепатитис.
Црвенило по рабовите на капаците на очите укажува на blefaritis кој е последица на инфекции, алергии итн.
Помош: доколку имате суви очи, пробајте 2 пати дневно да косумирате рибино масло. Доколку и тоа не помогне посеете офталмолог.
УСНИ
Што е здраво: малку по розови од вашиот тен на кожата.
Што не е здраво: необично бледи усни, укажуваат на недостаток на железо во крвта. Ранички и пукање на усните се знак за недостаток на витамин Б12.
Помош: се препорачува зголемена консумација на млеко и месо. Освен тоа може да се консумира зеленчук со темнозелени листови. Доколку раничките на усните се болни прегледајте ја крвта.
НОКТИ
Што е здраво: цврсти нокти со боја на кожа.
Што не е здраво: кршливи нокти, последица на зголемен стрес. Зеленкаста нијанса укажува на инфекција, плава нијанса на проблеми со циркулацијата на крвта. Бели точки и бразди укажуваат на недоволни количини на витамини и минерали во организмот.
Помош: намалете ги стресните ситуации. Пробајте да спиете барем 7 часа во текот на денот и истовремено внимавајте на храната. Доколку забележите зеленкаста и плава промена на вашите нокти веднаш посетете лекар.
