Познати се ефектите на витаминот Ц и неговата потреба за внесување во организмот, меѓутоа да се потсетиме:
- Има важна улога во реакцијата на организмот на стрес (брзо се троши во услови на стрес).
- Има главна улога во создавањето колаген, кој е важен за раст и обновување на телесните клетки, непцата, крвните садови, коските и забите.
- Ја помага апсорбцијата на железото во организмот.
- Витаминот Ц силно делува на високите концентрации на холестерол во крвта намалувајќи ги за 10 – 20%. На нормалните концентрации на холестерол не делува.
- Ја засилува ефикасноста на имунолошкиот систем.
- Делотворен е во превенција против разни вирусни и бактериски инфекции.
- Го убчажува делувањето на многу супстанци кои предизвикуваат алергии.
- Го забавува растот на туморите.
- Овозмужува заштита на агенсите кои предизвикуваат рак.
- Помага против настанувањето на нитросамин (супстанци која предизвикува канцер).
- Пациентите кои боледуваат од канцер обично имаат ниски концентрации на витамин Ц во плазмата и леукоцитите.
- Витамин + витамин Б12 е антиканцерогена комбинација.
- Помага во зараснувањето на рани и изгореници и при крварење на непцата.
- Го забрзува закрепнувањето по хируршките зафати.
- Витаминот Ц има дезинтоксикационо дејство против: цигари, јаглен моноксид, соединенија наарсенот, цијанод, жива, олово, стрихнин и алкохол.
- Една испушена цигара уништува 25 – 100 mg витамин Ц (затоа пушачите имаат зголемена потреба од витамин Ц, а се користи и во лечење против алкохолизам).
- Доколку витаминот Ц го ставиме во чаша со вода непосредно пред да ја испиеме, тој брзо и ефикасно ќе го уништи хлорот кој ги оштетува еритроцитите.
- Ако се земе пред појадок (на празен желудник), витаминот Ц делува лаксантивно и го забрзува празнењето на цревата.
- Потрошувачката на витаминот Ц за време на менструалниот циклус нагло расте, а особено за време на еовулација.
