ШоуБиз

Холивудски ѕвезди кои не завршиле средно училиште!

Тие се успешни, заработуваат милиони, пример се на многу луѓе, меѓутоа дали знаете дека немаат завршено средно училиште?

Бритни Спирс

За да стане поп принцеза, морала да го напушти училиштето, додека нејзината сестра едвај дошла до диплома.

Џесика Симпсон

Пеачката завршила неколку курсеви за економија, средното училиште пак никогаш не го завршила затоа што работела на својата музичка кариера.

Хилари Свонк

На кому му терба диплома, кога веќе има неколку оскари? Хилари го оставила средното поради глума. Неколку пати има изјавено дека се кае поради напуштање на училиштето и дека е свесна колку е потребо образованието.

Џони Деп

Овој заводник на само 15 години го оставил образованието, затоа што сакал да стане рок ѕвезда.

Дру Баримур

Оваа глумица имала проблематично детство. Млада почнала да се дрогира и поради тоа завршила на рехабилитација што ја спречило да оди во училиште.

Чарли Шин

Зошто не сме изненадени? Чарли не заврши средно училиште али тоа не го спречило да си обезбеди Холивудска слава.

Парис Хилтон

Можеби затоа што била превише „in“ за училиште, никогаш и не го завршила. Парис поседува големо богатство и слава кое постојано го потенцира.

Линзи Лохан

Глумицата го напуштила средното училиште, за да се школува од дома, меѓутоа била презафатена со снимање филмови па никогаш не успеала да ја земе дипломата.

Џим Кери

Можеби не завршил средно училиште меѓутоа има одличен смисол за хумор, прави соодветни гримаси и има згодно тело. Тоа изгледа било доволно да влезе во светот на филмот.

Write A Comment