“Лудиот руски хакер” (Crazy Russian Hacker), момчето кое стана познато по своите видео совети кои ги објавува на својот You Tube канал, ни подготви нешто ново, за зимските и врнежливи денови…
Овој пат, станува збор за совети и упатства за тоа како да ги направите чевлите водоотпорни.
Ќе ви биде потребно само една свеќа и фен за коса.
Потребно е со сваќата да ги намачкате чевлите за да може на нив да остане еден слој восок. Потоа земете фен за коса и намесете го да дува топол воздух и дувајте во чевлите.
Под влијание на топлиот воздух, восокот брзо почнува да се топи и да се впива во материјалот од кој се направени чевлите.
Русинот во ова видео направи и мал експеримент. Најпрвин ги поли со вода чевлите третирани на горе наведениот начин, а потоа и другите, кои не се третирани.
Се потврди дека “трикот” со свеќата и фенот е неверојатен. Доколку ви се допадне, можете и сами да пробата, но претходно погледнете го видеото со детални инструкции.
