Голем шок се случил за време на снимањето на првото шоу “Германија има топ модел”, чија ѕвезда познатата манекенка и членка на жирито, Хајди Клум (40), одеднаш колабрирала. Билд ги пренесува нејзините фотографии со натписот “Хајди Клум каква што досега не сте виделе”.
Фотографиите од болницата во Сингапур се раширија низ интернет со молскавична брзина и го обиколија светот. На нив се гледа беспомошната Хајди, мајка на четири деца, како лежи на кревет со инфузија во раката, додека покрај неа се наоѓа нејзиниот телохранител.
Се тресеше и пот течеше по нејзиното лице. Со часови пред тоа не се чувствуваше добро. По првиот ден од снимањето му кажа на својот колега од жирито, Томас Хај: “Не се чувстувам добро и мислам дека ќе добијам температура”. И навистина, следниот ден добила температура и состојбата се влошувала од час во час, а дури тогаш кога навистина не можела повеќе да издржи, побарала од соработниците да повикаат брза помош. Блид дознава дека Хајди два дена лежела во болница и дека на почетокот лекарите се сомневале на птичји грип, но за среќа тоа не се потврдило.
