ШоуБиз

Шерил Кроу боледува од тумор на мозокот

„Чувствував како некој одвнатре да ми ја притиска десната слепоочница. Знаев дека тука нешто не е во ред”, рекла Шерил кога дознала за болеста.

За среќа, туморот е бениген и многу бавно се развива. Пејачката рекла дека не сака да го отстрани туморот за да не и остане лузна.

„На секои шест месеци одам на прегледи, но не сакам да го отстранам затоа што тоа би значело уште една голема лузна”, рекла пејачката која во 2006 година откри дека има рак на дојка кој успешно го излекува.

Write A Comment