Motherhood

Поучна приказна: За богатите и сиромашните

Еден ден, богатиот татко го одвел својот син на прошетка кај едно сиромашно семејство, за да му покаже како живеат луѓето кои немаат многу пари.

На враќање кон дома, таткото го запрашал синот што мисли за ова искуство, а синот му одговорил:

–          Ова беше многу убаво искуство татко. Научив дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме убав базен, но тие имаат река. Ние имаме покрив, а тие имаат небо со ѕвезди и месечина. Ние имаме голема тераса со преубава градина, но тие имаат цела шума.

Додека синот зборувал, таткото останал без здив слушајќи го што му зборува.

Тогаш момчето додало: Ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни!

 

Write A Comment