Милорад Рдомировиќ (61) од Крагуевац добил дијареа поради болничка инфекција, а кога починал во Клиничкиот центар во Крагуевац, неговото тело било ставено во соба со ѓубре.
“Доживеавме ужас во болницата… не го лекуваа правилно. Умираше со маки. Кога почина трупот го третираа како ѓубре “– раскажува неговата ќерка Ивана Радомировиќ, лута на Клиничкиот центар, каде нејзиниот татко безуспешно се лекувал.
Милорад имал проблеми со срцето и 2006. му бил вграден песмејкер. Кон средината на март 2013. година целосно витален, бил примен на рутинска замена на генераторот за пулс.

“Тој ден ни рекоа дека нема песмејкер и дека операцијата ќе биде одложена. Чекајќи, татко ми се разболе, доби дијареа, повраќаше, нагло слабееше. Му беше се полошо… Неговата состојба се стабилизира дури по четириесет дена. Иако и понатаму имаше дијареа, два дена подоцна беше ослободен од болница со констатација дека е заразен од болничка инфекција – вели Ивана.
“Мојата мајка и јас се сомневавме дека е заразен од клостридии, но никој од лекарите не го споменуваше тоа, дури ни во текот на следните две болнички лекувања. Дури откако почина, во отпусната листа беше напишано дека се лекувал од “клостридијална инфекција” – изјавила Ивана.

Особено тешко и паднал начинот на кој болничкиот персонал го третирал нејзиниот починат татко.
“Итната помош на 10 јануари го пренесе во Ургентниот центар во очајна состојба. Во еден момент забележав дека сестрите на количка носат тело покриено со чаршав. Сватив дека тоа е трупот на мојот татко. Количката ја истуркаа во собата зад влезната врата во Ургентниот центар. Додека чекавме да го слушнеме она што веќе го знаеме, постојано гледавме како вработените на количката каде што лежи мојот татко фрлаат валкани чаршафи,ќеси со отпад, метли и кофи после чистењето. Да, тоа е труп, но не е ѓубре, зошто се однесуваат така со луѓето – очајно се прашува Ивана, најавуваќи тужба против одговорните институции на Клиничкиот центар во Крагуевац.
