Денешната видео лекција по шминкање доаѓа директно од youtube каналот на шармантната блогерка Carli Bybel. Во видеото, што е објавено подолу, младата дама покажува техника за шминкање, визуелно зголемување на усните. Несомнено секоја претставничка на понежниот пол сонува за сочни и полни усни. Добрата вест е дека не ви се потребни хирушки интервенции, само мала количина на шминка.
