ШоуБиз

Бритни Спирс не е повеќе плавуша!

Пејачката Бритни Спирс некогаш ја шокираше јавноста така што ја избричи својата коса и немаше ниту еден прамен на главата.

Но, по рехабилитацијата и советувањата со нејзиниот психотерапевт, Бритни денеска на сосема поинаков начин се носи со промените во животот па како и повеќето жени понeкогаш се одлучува да ја смени бојата на својата коса.

Славната пејачка повеќе не е павуша, а на фотографиите на Твитер се пофали со новата боја.

Бритни се одлучила да ја смени бојата точно после промоцијата на нејзините нови парфеми “Naughty Remix” и “Nice Remix”.

Write A Comment