Art & Crafts

Маска против косопад од коњак и мед, препорачана од француските фризери

Овој совет доаѓа директно од француските фризери, кои им препорачуваат домашна маска на своите клиенти. Таа многу успешно се користи против косопад, а исто така и за брз растеж на косата.

Маската е апсолутно за сите типови на коса, и е најефективна кога се прави еднаш во неделата.

Искористете го слободниот ден, за да ја нанесете на косата, додека ги извршувате останатите домашни задачи.

Неопходни ви се само по една супена лажица мед, коњак и растително масло (маслиново, рицинусово или бадемово), и една жолчка. Ако косата ви е долга, ставете по 3 супени лажици од состојките. Измешајте ги медот, коњакот и маслото убаво, и ставете ги на пареа додека медот не се истопи. Потоа отстранете ја смесата од огнот, додадете ја жолчката и добро измешајте. Готовата мсак нанесете ја на мрсна коса и чувајте ја 30 минути до 1 час. На крајот измијте ја обилно со шампон.

 

Write A Comment