ШоуБиз

Карлеуша: Лузери, мојот сопруг е милионер, можам сите да ве купам!

–          За 20 години кариера, работев и заработив сосема доволно за да можам да бирам дали, кога и каде ќе работам, не морам по секоја цена да ринтам секој викенд, како оние што мораат – вели пејачката.

Во едно од многубројните соопштенија, Јелена Карлеуша демантирала дека должи 900.000 динари за греење, а тврди дека има толку пари што може да ги купи сите оние кои ја напаѓаат и кои и завидуваат на богатиот сопруг и убавото семејство!

Во нејзиното соопштение, помеѓу останатото, стои и следново:

Драги мои, ако негирате 20 години од мојата кариера, време за кое нешто и заработив (иако според вас продавам по 9 карти, па ја разбирам вашата “логика”), не можете да го заборавите фактот дека јас немам маж под наем, кого треба да го издржувам ринтајќи секој викенд по тезгите! Јас сум предобра риба за некој лузер и неработник. Ако сте заборавиле, мојот маж се вика Душко Тошиќ, и тој е фудбалер, убав, млад, згоден и многу успешен, бидејќи, ете, заработува милиони (и тоа не во динари), дали навистина помисливте дека би дозволил неговата куќа на Дединје да биде ладна а жената и децата во проблем? Не е баш логично.

Jelena Karleuša i Duško Tošić

 

Write A Comment