Откако лекарите почнаа да го будат од вештачки предизвиканата кома, состојбата на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, значително се влоши.
Тој добил пневмонија, известуваат од болницата. Блид јавува дека лекарите ја третираат пневмонијата со јаки антибиотици, но сеуште не се знае дали го запреле процесот на будење.
– Додека лежи во кома не може да кашла и така да го исфрли секретот, тоа е едена од причините зошто добил пневмонија. Телото сега добива помалку кислород, а имунитетот е ослабен, што може да доведе до откажување на органите и смрт. Лековите обично помагаат, но постојат бактерии кои се отпорни на антибиотици – вели професорот Heinz Peter Moecke од клиниката за итна медицина во Хамбург.
Портпаролката на семејството на Михале Шумахер Sabine Khem не сакала да дава никакви коментари.
