Мојата кујна

Направете вкусни ванилици

Потребно е:

  • 500 гр меко брашно
  • 200 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 2 пакетчиња ванила
  • 250 гр маргарин
  • сок од половина лимон + кора од половина лимон
Подготовка: Брашното ставете го во длабок сад. Ладниот маргарин исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното. Со раце втријте го маргаринот во брашното за да добиете ронливо тесто. Потоа додадете ги шеќерот, ванилата, јајцата, печивото и сокот и кората од лимонот. Месете со раце додека да формирате меко тесто. Тестото кое ќе го формирате ќе биде мекко и ронливо. Ставете го во ќеса и во фрижидер да се олади околу 1 час. По 1 час, одвојте го тестото на 2 дела и секој дел расвлечете го со сукало на набрашнета површина. Развлекувајте со сукало што потенко, но не и претенко. Од развлеченото тесто со мала чаша од узо вадете тркалезни облици. Тркалезните облици редете ги на тавче обложено со хартија за печење. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 220 целзиусови степени околу 10 минути. печените колачиња не треба да фата боја во текот на печењето, туку треба да бидат светли. Кога ќе бидат испечени, оставете ги кратко да се оладат за да не бидат врели и намачкајте неколку со џем од кајсии. Потоа, намачканото колаче со џем преклопете го со празно колаче. Уште додека се топли, обложете ги во шеќер во прав. Чувајте ги во лимена кутија за колачи.

Write A Comment