Мојата кујна

Внесете го ориганото во секое јадење!

Од ориганото како зачин се употребуваат свежите или суви листови или цветови. Растенијата се сечат, се сушат, а потоа се ситнат или се мелат. Ориганото е еден од ретките зачини што е поквалитетен во сушена варијанта, отколку во свежа. Има силен, многу пријатен мирис, вкусот е мек и малку остар.

Ориганото се вбројува во групата на посилни зачини, па треба внимателно да се употребува.

Ова е еден од најзастапените зачини во италијанската и грчката кујна, особено се употребува при подготовка на пици. Ориганото одлично оди со печурки, домати и модри патлиџани. Со ориганото се зачинуваат супи, особено оние од зеленчук, но и компири, јадења со морски плодови, једња од мешункасти плодови, како и свинско печено месо. Мирисот на ориганото брзо се губи при готвењето, па најдобро е да се додава на крајот од готвењето.

Ориганото ја подобрува работата на црниот дроб и ги ублажува тегобите во желудникот. Сушеното оригано содржи Витамин Б6, калиум, бакар, а е одличен извор на растителни влакна, витамин А и Ц.

Write A Comment