Италијанската луксузна модна компанија “Прада” оствари 2013/2014 раст на приходите од девет проценти на 3,85 милијарди евра, првенствено заради продажба во регионите Азија- Пацифик и Северна Америка.
Извршниот директор на компанијата Патрицио Бертели, вели дека последната фискална година која заврши во јануари, е четврта по ред, во која “Прада” бележи значаен пораст.
Профитот во Азија и Северна Америка се искачил за 11 проценти, а во Европа пет проценти, што се смета за добар резултат, со оглед на економските тешкотии.
Заработката на Блискиот Исток, исто така е зголемена, достигнувајќи 90.000.000 милиони евра.
Најслаби резултати, со раст на профитот од само само 1 отсто, компанијата забележала во Јапонија, поради девалвација на јените.
