Кога воен авион слетува на јавен пат, тоа сигурно не е нешто што го гледате секој ден. Во најдобар случај, станува збор за воена вежба, а во најлош за некоја вонредна состојба.
Воените пилоти, меѓу другото, поминуваат дел од обука која ги учи како да слетаат на јавен пат. Цивилните авиони понекогаш ги користат јавните патишта како писта за принудно слетување, а еден таков случај е забележан во декември 2013. кога еден мал авион од Србија принудно слетал на патот 2181 помеѓу Копривница и Крижевац.
Во видеото што следува можете да видите како изгледа кога F-18 Hornet полетува од јавен пат во Финска. Финската војска најпрво го обезбедила патот и забранила да се користи. Другите земји не се толку чувствителни кон возачите, особено Шведска и Русија.
http://www.youtube.com/watch?v=bNuVCvIGKxE
