Дали знаевте дека бананата ја штити вашата кожа од слободните радикали и со тоа го успорува стареењето? Освен тоа, богата е со витамини и достапна е во текот на целата година. Искористете ги сите предности на бананата и направете природна маска за лице.
Ви предлагаме пет маски направени од ова овошје, кое ќе го вратат сјајот и природното руменило на вашето лице:
1. Маска од банани
Изгмечете ја бананата и нанесете ја на лицето и вратот. Оставете да стои 10-15 минути, а потоа измијте ги лицето и вратот со ладна вода. Потоа, кожата може да ја масирате со коцки мраз.
2. Маска од банани и мед
Изгмечете пола банана и додадете една лажичка мед. Добро измешајте, а потоа маската ставете ја на мокро лице и врат. Нека делува најмалку 15 минути. Лицете измијте го со вода, нежно тапкајќи. Намасирајте хидрантна крема на кожата и веднаш ќе забележите разлика.
3. Маска од банани и овес
Со миксер измешајте половина филџан овес и една банана. Смесата нанесете ја на лице и оставете ја да делува 10-15 минути. Во текот на миењето масирајте ја кожата нежно. Оваа маска ќе ги отстрани сите митесери и мртви клетки на кожата, а вашиот тен ќе постане изедначен.
4. Маска од банана и природни масла
Бананата и природните масла, како бадемово или маслиново, се одлична комбинација за природна нега на кожата. Изгмечете ја бананата и додадете една лажичка било какво природно масло кое ви се допаѓа. Добро измешајте и ставете ја смесата на лицето. Измијте се по 10-15 минути.
5. Маска од банани и млеко
Земете пола банана и прелијкте ја со една лажичка млеко. Измешајте и нанесете ја смесата на лице. Оставете да делува 15 до 20 минути. По измивањето на вашето лице ќе се врати природното руменило – без употреба на шминка!
