Здраво тело

Пченка и ѓумбир за чисти бели дробови

Дали им робувате на цигарите и никако не можете да ги оставите и покрај тоа што имате константна кашлица? Во тој случај, почесто консумирајте храна и пијалоци кои можат да ги прочистат вашите бели дробови и да ви овозможат полесно дишење.

Мошне полезни се чаевите од свеж ѓумбир, како и борови иглички или коприва, која може да се јаде и како салата. Јадете риба и јагнешко месо, бидејќи го содржат моќниот антиоксиданс – селен. Консумирајте јајца и житарици.

Пченката е полна со бета криптоксантин, кој докажано ги штити белите дробови од карцином, бидејќи дејствува како моќен антиоксиданс. Ако е можно, набавете природна, органски одгледувана пченка. Слично дејство имаат и портокалите.

Црвениот и белиот лук, поради нивниот состав имаат антиканцерогено дејство. Истражувањата покажаа дека кај лицата со карцином, кои редовно консумираат лук, се спречува формирање на нови ќелии на тумор. Непријатниот здив е неизбежен, но помислете на мирисот од чадот на цигари во устата и на облеката, па лукот нема да делува толку неподносливо.

Write A Comment