ШоуБиз

Се е спремно за свадбата на годината

Еден од најуспешните тенисери на денешницата, Новак Џоковиќ, наскоро ќе се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ. Одбројувањето и официјално почна!

Дека датумот на венчавката се ближи, Јелена потврдила само со насмевка. Таа и Новак се верија минатата годиан во Франција, а плавокосата убавица сама го избрала вереничкиот прстен кој го платил тенисерот. Инаку, Јелена ја води добротворната организација на Новак, а исто така ја води и целата организација околу свадбата на годината (како што ја нарекуваат медиумите во регионот).

“Таа знае што ми се допаѓа, задолжена е за тоа. Ќе се согласам со се што ќе одлучи”, изјавил Новак.

 

Write A Comment