man fashion

Иако Антиќ не настапи неговиот тим во дуелот наречен „Ѕвезди во подем“!

Во дуелот наречен „Ѕвезди во подем“, во кој настапија играчи кои ја играат својата прва односно втора сезона во лигата, победи тимот кој го селектираше Грент Хил во кој се наоѓаше и Перо Антиќ кој не настапи поради повреда. Антиќ поради повредата го проследи натпреварот од клупата. Екипата на Хил го победи тимот на Крис Вебер со 142:136.

На овој натпревар доминираше Андре Драмонд од тимот на Хил, кој натпреварот го заврши со 30 поени и 25 скокови. Одличен меч одиграа и Дион Вотерс со 31 поен и Тим Хардавеј со 36 поени.

МВП титулата ја освои Драмонд, кој воедно го собори рекордот според бројот на скокови, кој во 2010 година го постави Дехуан Блер (тој тогаш имаше 23 скока).

Младите ѕвезди понудија вистинска забава за гледачите со 118 забивања, 33 тројки и 14 блокади.

httpv://www.youtube.com/watch?v=521MglGxibc

Write A Comment