Стигнав на адресата и свирнав со автомобилот. По неколку минути чекање, повторно свирнав. Бидејќи тоа ми беше последното возење во смената, си реков ќе си одам, меѓутоа го паркирав автомобилот, излегов од него, дојдов до вратата и заѕвонив“.
Само момент“, слушнав кревок, старечки глас. Слушнав како нешто да се влече по подот.
По подолга пауза вратата конечно се отвори. Пред мене стоеше малечка жена од околу деведесет години.Носеше фустан со принт и капа со тил, баш како да излегла од некој филм од ’40-тите години. Покрај неа се наоѓаше една најлонска кеса. Станот изгледаше како во него никој со години да не живее.
Немаше часовници по зидовите, никакви чаши по масите. Во аголот беше една картонска кутија во која се наоѓаа некои фотографии и стаклени предмети.
“Ќе можете ли да ја однесете мојава кеса до автомобилот?“ ме праша.И ја однесов кесата до автомобилот и се вратив да и помогнам нејзе. Ме фати за рака и полека отидовме до автомобилот.
Постојано ми се заблагодаруваше на љубезноста.“Нема за што“и одговорив,само према своите патници се однесувам како што би сакал луѓето да се однесуваат со мојата мајка“. Ти си толку добро момче“ ми рече.
Кога дојдовме до автомобилот ми ја кажа адресата и ме праша дали би можел да ја повозам низ градот. Тоа не е баш најкраткиот пат,“ и реков. Мене никаде не ми се брза, одам во старечки дом“, ми рече.
Погледнав во ретровизорот. Очите и засветкаа. Немам никого повеќе од фамилијата” благо продолжи. Докторот ми кажа дека не ми останува многу време“. Полека ја наведнав главата и го исклучив таксиметарот.
По кој пат би сакале да се возите?“,ја прашав. Следните два часа ги поминавме возејќи се низ градот. Ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Се возевме и низ местото каде што таа и нејзиниот сопруг живееле ,кога штотуку се венчале.
Знаеше да ме замоли да застанам пред некоја зграда или агол, гледајќи така во темната далечина, без зборови. Бидејќи првите сончеви зраци го осветлија хоризонтот, одеднаш ми рече да тргнеме бидејќи е уморна. Во тишина се возевме до адресата ,која ми ја даде.Беше тоа една ниска зграда, со приод од пред тремот.
Двајца постари луѓе излегоа надвор кога стигнавме ,тоа беа нејзините старатели, кои внимаваа на секое нејзино движење. Најверојатно тие веќе ја очекуваа. Од багажникот ја извадив нејзината кеса и и ја однесов до вратата.
Колку ви должам?“ ме праша,посегнувајќи по торбичката. “Ништо“и реков. Но морате од нешто да живеете“ ми одговори. ’’Има и други патници’’,и реков.
Без нималку размислување се наведнав и ја прегрнав. Таа цврсто се зби во мене. Направивте среќна една старица на момент. Ви благодарам’’ ми рече.И ја стиснав раката и си заминав. Зад мене се затвори врата. Звучеше како да се затвора животот.
Во таа смена не најдов ниеден патник, Безцелно се возев изгубен во мислите. Остатокот од денот едвај да можев и да зборувам. Што ако по старицата дојдеше некој лут возач или некој кој е нестрплив што побргу да ја заврши смената? Што ако го одбиев тоа возење или си отидев после првиот пат откако засвирев со автомобилот? Од друга страна, мислам дека никогаш до сега во животот не сум направил поважна работа .’’
Ние сме условени да мислиме дека нашите животи се вртат околу убавите моменти.
Но, убавите моменти често не фаќаат несвесни – за некои можеби ова изгледа како ситници, но за мене беше најубаво завиткан подарок.
