Ослабувањето на видот е честа појава во денешно време, каде луѓето поголем дел од денот поминуваат покрај компјутерот или телевизорот. Се почесто овој проблем се јавува и кај децата. За среќа, во овој текст ќе ви откриеме рецепт на рускиот академик Филатов за подобрување на видот. Владимир Петровиќ Филатов е руски офтамолог и хирург, а станал познат по своите методи за подобрување на видот кои се користат и денес. Овој руски академик направил едноставен рецепт за подобрување и зачувување на видот.
Потребно ви е:
*100гр сок од алое
*500гр издробени ореви
*300гр мед
*сок од 3-4 лимони
Упатство: Исечете ги долните и средните листови од Алоето, оставајќи го при тоа врвот од растението и горните три или четири листови.
Потоа измијте ги листовите со ладна, претходно зовриена вода. Отстранете ги боцките и исечете ги листовите на ситни парчиња. Сокот исцедете го со газа. Препораката на Академикот е измиените листови да не се сечат веднаш, туку да се чуваат во фрижидер 10-12 дена во тањир. Со чувањето на Алоето во фрижидер се формираат супстанци таканаречени “биогени стимулатори” кои ја поттикнуваат активноста на ќелиите.
Останатите состојки, оревите, медот и лимонот добро измешајте ги со сокот од алое.
Оваа мешавина се употребува три пати на ден, една супена лажица половина час пред јадење. Се користи подолго време, се додека не дојде до подобрување на видот.
