Еден од главните елементи во машката мода кој нема како да не сте го приметиле бидејќи беше присутен во колекциите на сите водечки дизајнери е крзното. Го има на капути, јакни, елечиња, капи и разни други аксесоари.
Крзното секогаш делува елитно и скапоцено, но модните критичари се запрашуваат како тоа би изгледало денес на мажите. Меѓутоа добија многу позитивен одговор од страна на публиката, со што е потврдено дека крзното и понатака е на цена како дел од луксузната машка гардероба.
Предностите кои крзното ги нуди како прво е тоа што најдобро грее во зимата а како второ е нешто што сепак неможе секој да го носи, потсетува на времето во историјата кога го носеле само оние со „повисок статус“ и „плава крв“.










