Здраво тело

Зошто ни е толку тешко да се одвикнеме од пушењето?

Никотинот влегува во крвта низ устата или носот и се шири низ целиот организам труејќи го и загадувајќи го. Влијае на срцето и на крвните садови, хормоните, метаболизмот и мозокот. Во текот на бременоста, никотинот слободно минува низ плацентата и откриен е во амнионската течност и крвта на папочната врвца кај новороденчињата.

Различни фактори влијаат на тоа колку бргу организмот се ослободува од никотинот и неговите нус појави. На активните пушачи, на пример, ќе им остане во крвта и по неколку дена по престанувањето со пушење.

Како никотинот создава зависност

Никотинот создава чувство на задоволство, па на пушачите им се зголемува желбата за него. Имајќи во предвид дека нервниот систем се навикнува на никотин, пушачите ја зголемуваат дозата на цигари кои ги користат. Тоа ја зголемува количината на никотинот во нивниот крвоток, па потребни им се што повеќе цигари за да го постигнат саканиот ефект. По одреден период, луѓето кои пушат достигнуваат одредено ниво на никотин и тогаш мораат да продолжат со пушењето за да го одржат нивото на никотин во мерката која е за нив задоволителна.

Со пасивното пушење, односно кога непушачите го вдишуваат димот околу себе, исто така во организмот внесуваат висок процент на никотин. Пасивните пушачи внесуваат 3,6 милиграми, а активните 4,5 милиграми никотин од една или две испушени цигари.

Проблеми при одвикнување

Откажувањето од никотин е психичко и физичко. Физички, телото реагира на скаратување на никотинот. Ментално и емоционално, човекот е соочен со одвикнување од оваа навика, а тоа бара долгорочни промени во однесувањето. За да можете успешно да се одвикнете од никотинот треба да обрнете внимание и на психичките и на физичките аспекти на “одвикнувањето”. А тоа е голем проблем.

Оние кои редовно пушеле неколку недели или подолго и потоа нагло престанале или драстично го намалиле внесувањето ќе ги имаат симптомите на одвикнување. Симптомите обично почнуваат по неколку часа и доаѓаат до врвот по 2 до 3 дена кога никотинот ќе го напушти телото. Симптомите на одвикнување може да траат неколку денови или недели. Но секој ден ќе бидат се послаби, а тоа е утешно.

Симптоми кои се појавуваат во текот на одвикнувањето:

–          Вртоглавица (може да трае само еден или два дена по престанувањето со пушење), депресија, фрустрација, нетрпеливост…

–          Проблеми со спиењето, од несоница, до немирен сон, па дури и кошмари

–          Се јавуваат проблеми со концентрацијата, немир, главоболка, замор, зголемен апетит и поспоро чукање на срцето.

 

Write A Comment