Оние кои ги истражуваат деталите за несреќата на Михаел Шумахр на патеката во француските Алпи открија нови детали кои се спротивни на претходната официјална верзија дека тој возел претпазливо и со прилагодена брзина.
Шумахер, тој 29-ти декември летал дури 10,4 метри пред да удри со главата во карпа. Кацигата пукнала, а Шумахер веднаш се онесвестил. Инспекторите веднаш ја прегледале снимката која се наоѓала на неговата кацига со која е снимена несреќата, а мемориската картичка останала неоштетена при падот.
Едната скија потфатила на камен и се катапултирал повеќе од десет метри во далечина пред да удри со главата во карпа.
Од тој момент Шумахер се наоѓа во болницата во Гренобл, а веќе 52 дена се наоѓа во вештачка кома.
