Младата Тејлор Свифт била многу заљубена во глумецот Џејк Гиленхал. По само три месеци тој ја убедил да спие со него и така Тејлор му ја “дала” својата невиност на овој глумец.
Според зборовите на нејзините пријатели таа многу го сакала, мислела дека тој е оној вистинскиот и дека ќе бидат заедно засекогаш.

Меѓутоа, се што е убаво има крај.
Сега веќе 24-годишната Тејлор, го планирала својот 21. роденден. Се било совршено. Џејк го потврдил своето присуство и забавата можела да почне. Меѓутоа, на денот на роденденот од малдиот глумец немало ниту трага, ниту глас.
Тејлор се надевала дека и подготвува некое изненадување и дека во секој миг ќе се појави, но кога сватила дека нема, се заклучила во бањата и цела вечер плачела.
Сепак, нешто добро произлегло од оваа несреќна љубов, а тоа е нејзината песна “Red”, за која се смета дека му е посветена на Гиленхал.
