Камилицата е една билка која е лек, а воедно и голем сојузник за убавината.
Особено во овие денови кога температурата е пониска и кога е ветровито, кожата на лицето се суши, се појавуваат црвенила…
Дерматолозите советуваат навечер пред да си легнете да го исчистите лицето од шминка, и да го измиете со чај од камилица. Ставете крема и легнете. По извесен период лицето ќе биде меко и нежно, без црвенила и иритации.

Доколку имате време, сварете чај од камилица, изладете го и потопете памук во него. Потоа памукот ставете го на лицето и оставете нека делува 10 минути.
Камилицата исто така може да се употребува и за коса. Особено оние кои имаат посветла коса. Камилицата ќе ја направи вашата коса мека и сјајна и ќе има прекрасен мирис.

