Актерот Хју Џекман нема многу среќа кога се работи за гостувања по телевизиски емисии. Првата незгода му се случи во шоуто на Опра Винфри кога се лизна и падна насред студио.
Овој пат, несреќниот пад се случи во студиото на шоуто „Т4“. Хју влетал во студиото и почнал да се зафркава со водителите, а кога малку потрчал неумесно се слизнал и завршил на задникот.
Откако станал и самиот искоментирал: „Добро е, овој пат не поминав така лошо како кај Опра“. Потоа слатко се изнасмеал.
Погледнете и сами како сето тоа изгледаше:
