Здраво тело

Зошто треба да јадете виолетово овошје и зеленчук?

Најважните добродетели во виолетовата храна се антиоксидансите, “прочисувачите” на слободните радикали во нашиот организам. Според податоците на американското Министерство за земјоделство, компирите со темна боја има четири пати повеќе антиоксиданси од другите компири. Со други зборови колку е потемно овшејето и зеленчукот толку повеќе антиоксиданси има.

Сливите, зелката, модриот патлиџан, капините, црните рибизли, црвениот кромид, грозјето – сето овошје со виолетов пигмент содржи флавониди, кои го контролираат крвниот притисок и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Кожичката на  црното грозјето, на пример, има пигмент на антоцијан, кој го зајакнува имунитетот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем и го спречува растот на некои видови туморски клетки. Во брусницата, виолетовиот пигмент има благотворно влијание врз оние кои страдаат од ингфекција на уринарниот тракт.

Постојат научни докази дека виолетовата храна го подобрува здравјето на срцето и функцијата на мозокот. Неодамнешните истражувања покажаа дека возрасните кои јадат овошје и зеленчук со темновиолетова боја имаат намален ризик од високим крвен притисок, а исто така имаат помали шнаси да се здебелат.

 

Write A Comment