Зошто сончогледот се врти кон сонцето? Причината што овој “љубовник на сонцето” не го трга погледот од него лежи во тоа што делот кој е свртен кон сонцето расте побргу отколку делот кој се наоѓа во сенка.
Сончогледовото семе една година може да се сее во скасија, а во мај растението се пресадува во поголем сад.
Расетението со обилно наводнување и хранење со азотно ѓубриво може да достигне висина до 5 метри во градината. За скасиите чиј дијаметар треба да биде најмалку 30 сантиметри, постојат варијанти со висина до 2 метри. За да може сончогледот да стои стабилно, потпрете го. Важно е коренот да не биде во многу влажна земја, бидејќи тоа ќе го забави и ќе го спречи растот.
Три до пет семки ставете во скасија со дијаметар 15 сантиметри, нежно притиснете го во земјата и ставете вода.
Кога ќе достигне 10-15 сантиметри, чувајте ја саксијата на топло место.
Растението редовно хранете го 2 пати неделно и обилно полевајте го со вода.
