Убавина

За што се може да го користите вазелинот!

Дел од намениве сигурно нема да ви текнат да ги направите. Прочитајте и максимално искористете го вазелинот.
  • Наместо балсам за усни. Вазелинот помага за омекнување на испуканите усни и видливо ги измазнува. Ставете вазелин пред спиење. Утрото можете и да ја употребите четката за заби за да ја ексфолирате кожата на усните.
  • За омекнување на кутикулите и грубата кожа. Вазелинот е практичен продукт за омекнување на кутикулите пред маникир. Тој помага и за омекнување на грубата кожа на лактите, колената и стапалата. Редовно премачкувајте ги засегнатите места и нема да помине долго пред да ги видите резултатите.
  • За заглавен прстен. Овој трик можеби повеќето го знаат. Доколку имате заглавен прстен, премачкајте ја областа околу него со вазелин. Тој ќе создаде лизгава површина и лесно ќе можете да го извадите.
  • Како отстранувач на шминка. Вазелинот нанесен на памучен тампон можете да го користите и за отстранување на шминката.
  • За погусти трепки. Некои жени тврдат дека редовната употреба на вазелин за нега на очите помага трепките да растат погусти и подолги. За целта, нежно протривајте ги очите со малку вазелин секоја вечер пред легнување.
  • Ја зачувува подолго аромата на парфемот. Пред да го употребите вашиот омилен парфем, на местата каде што се прскате со парфем нанесете малку вазелин. Тој ќе ви помогне парфемот подолго да се задржи врз вашата кожа.
  • Помага при ставањето на обетки. Ако ви оди тешко ставањето на обетки на ушите, премачкајте ја областа околу дупчињата со вазелин.
  • Ги смирува бушавите веѓи. Често се јавува проблемот со бушавите веѓи, особено ако сте обожавателка на подебелите форми. За да ги смирите влакненцата, поминете преку веѓите со малку вазелин.
  • За сјај на чанти или чевли. Старите чевли или чанти можат да добијат нов сјај ако ги премачкате со малку вазелин.
  • Ги сокрива расцветаните врвови на косата. Расцветаните врвови лесно можат да ѝ дадат лош изглед на косата. Тие веднаш се истакнуваат. За да ги замазните, употребете малку вазелин. Косата ќе ви изгледа многу поубаво.

Write A Comment