Motherhood

Лекување на детската кашлица со супа од компир, јаболка и кромид

Витамините кои се содржат во свежото овошје и зеленчук се незаменливи особено кога станува збор за здравјето на децата. Ако детето има кашлица, може да му помогнете со различни природни средства.

За таа цел подгответе ја следнава супа: загрејте 1 литар вода да зоврие. Потоа во неа додадете 1 компир, 1 глава кромид и 1 јаболко (средна големина). Не ги лупете, само добро измијте ги, пред да ги ставите во водата. Оставете ја супата да врие, додека водата дојде до половина од првобитното количество. Откако супата ќе биде подготвена и додека е сеуште топла, давајте му на детето по една мала лажичка 3-4 пати на ден.

 

Write A Comment