Сите од нас, кои го гледале филмот “Враќање во иднината” мечтаат за технологиите, претставени во него, да ги видат и во сегашноста. Една од нив, се разбира, се и патиките, кои сами се врзуваат.
Имено, такви патики ке видиме и од Nike до 2015 година, тврди дизајнерот на компанијата.
Компанијата уште во 2011 година објави дека моделот Nike Air Mag официјално ќе биде пуштен во продажба следната година.
Интересен факт е дека дејството во филмот се развива точно во 2015 година, каде за разлика од летачките автомобили, патиките кои сами се врзуваат ќе станат реалност.
Зад овој проект стои дизајнерот Tinker Hatfield, кој сеуште не открива многу детали околу технологијата на патиките. Но и покрај тоа, тие со сигурност ќе располагаат со последните технологии, LED екран и се разбира – систем, кој ќе овозможува патиките само да се врзуваат.

