Рејчел Принс (26) не може да го напушти својот домот штом се наоблачи, бидејќи е алергична на вода. Оваа состојба е толку озбилна што дури и една мала капка предизвикува осип на нејзината кожа.
Таа не може да бара утеха ниту во прегратките на нејзиниот вереник, бидејќи плунката од неговиот бакнеж ќе направи бурна реакција.
Рејчел не смее да се напие ниту капка ладна вода, бидејќи нејзиното грло отекува. Оваа болест е толку ретка, а Рејчел е само една од околу 35 луѓе во светот кој патат од неа.
“Тешко ми е да не пијам ништо ладно. Од некои причини сокот и чајот полесно се пијат, но не занам зошто, бидејќи и тие имаат многу вода. Алергична сум дури и на пот и солзи, вклучувајќи ја и мојата крв кога е во контакт со мојата кожа”, раскажува Рејчел.
Рејчел за прв пат ја забележала алергијата кога имала 12 години.
